Роналдо си призна: Имам фобија од ќелавост!

80
Фото: Кристијано Роналдо X

Важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, важи за првиот милијардер како фудбалер, секогаш е во топ – форма во секој поглед, но и Кристијано Роналдо, како и секој друг човек си има свои фобии.

Една од тие е ќелавоста.

Имено деновиве тој во Ријад отвори здравствена клиника за пресадување на коса, а си призна дека има фобија од ќелавост:

Ако ме видите без коса, тогаш нема да бидам истата личност. Секогаш е подобро да имаш коса, барем јас така мислам. На многу луѓе не им е гајле дали имаат или немаат коса, јас мислам дека изгледам подобро со коса. Тоа е мое мислење. Инаку луѓето во клиниките за пресадување на коса одат срамежливо. Пред неколку години тоа беше стигма, сепак се е поинаку“ истакна Кристијано Роналдо.

ПретходноОд авион на тренинг: Почнува „мисијата“ Казахстан, осуммина мора да внимаваат на картоните
СледноМаџари повторно пропушти голема шанса за победа, Ангели не издржаа со Гостивар