Пелистер подобар од Динамо (Б) на мечот за 80-годишнината на клубот

104
фото: Dinamo Bucuresti (FB)

Попладнево во Битола, Пелистер го совлада тимот на Динамо Букурешт со 2:0 во пријателскиот фудбалски натпревар, кој беше одигран по побод 80-годишнината од формирањето на клубот.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Првиот гол беше всушност автогол на Тоадер, а потоа од пенал на Ристевски го постави конечните 2:0. На стадионот во Битола имаше добра посетеност, со оглед на тоа што и навивачката група „Чкембари“ го искористи мечот за прослава на својот 40-ти роденден.

Овој меч беше деби за новиот тренер на „зелено-белите“, Милан Стојаноски.

ПретходноКазахстанците ја „почувствуваа“ Арената (ФОТО+ВИДЕО)
СледноДешамп: Не сум одговорен за повредата на Мбапе, тој самиот рече дека е подготвен