Браќата Адетокунбо испишуваат историја! (ФОТО)

58
ФОТО: Shams Charania/X

Милвоки Бакс ќе потпише договор со Алекс Адетокунбо. Ова значи дека најмладиот од тројцата браќа и грчки репрезентативци, ќе им се придружи на Јанис и Танасис во еден од најквалитетните екипи во НБА.

Со ова се испишува историја. Имено ова ќе биде за првпат во историјата на најсилната лига во светот, тројца браќа да се под договор со еден ист клуб.

Познато е кој е главен меѓу браќата, тоа е Јанис, мега – ѕвездата на светската кошарка и еден од најдобрите кошаркари во најсилната лига во светот.

Што се однесува до Алекс, тој досега играше во Европа, не успеа да биде избран на драфтот во таа 2021 година.

ПретходноНеверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!
СледноМакедонија оди на втора „позитива“ во квалификациите