Уште еднаш раководството на Фудбалската федерација на Македонија организираше на најдобар можен начин вистински спектакл на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде нашата А-репрезентација одигра 1:1 во квалификациски меч за пласман на СП 2026 против Казахстан.
Околу 25.000 гледачи несебично ја дадоа својата поддршка за избраниците на селекторот Благоја Милевски.
А ФФМ знае и тоа како да го респектира, па затоа преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за нивната поддршка.
Така и треба.