РФМ повторно ќе бира најдобри ракометари на годината

42

Ракометната Федерација на Македонија денеска објави дека ја возобновува традицијата на бирање најдобри ракометар и ракометарка, пракса која што извесен период беше изоставена.

Од федерацијата појаснуваат дека манифестацијата ќе се вика  „Ракометари на Македонија“ 2025 и ќе се одржи на 1 ноември. На неа ќе бидат доделени најмалку десет признанија за сите оние кои ја одбележаа минатата натпреварувачка сезона (2024/25).

Токму овој датум ќе биде ракометно одбележан затоа што истиот ден го играме пријателскиот дуел против Јапонија во Куманово.

🏆 ВЕЧЕР НА РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНИЈА 2025

📍 DoubleTree by Hilton – Скопје

📅 Сабота, 01.11.2025

🕗 Почеток: 20:00 часот

✨ Заеднички ќе им оддадеме признание на нашите најдобри ракометари и ракометарки за сезоната 2024/2025

Во присуство на најистакнатите имиња од ракометната сцена, спортски работници, медиуми и гости од јавниот живот, ќе прославиме уште една успешна ракометна година.

🎶 Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, специјални изненадувања и атмосфера достојна за нашите ракометари и ракометарки.

📸 Подгответе се за ноќ исполнета со емоции,аплаузи…

ПретходноКампања на ФФМ, МВР и РСБСП: Фудбалот нè обединува, но и на патот треба да играме како тим
СледноФФМ со нов систем за евалуација на фудбалските судии