Ристовски дел од ремито на Звезда против Бањик Острава

134

Македонскиот младински репрезентативец Горазд Ристовски, беше дел од ремито на неговиот тим Црвена Звезда на гостувањето кај чешкиот тим на Баљик Острава, во рамките од УЕФА младинската Лига на Шампиони.

Ристовски и неговите другари одиграа добар меч во кој не примија гол, мечот заврши 0:0, и во реваншот ќе се бара пласман во следната фаза.

Ристовски ги одигра последните неколку минути кога требаше да се сочува ремито, кое ветува многу кога е во прашање овој двомеч.

Мора да се додаде и дека овој дуел го судеше македонскиот арбитар Игор Стојчевски.

 

ПретходноФФМ со нов систем за евалуација на фудбалските судии
СледноМладен Жижовиќ ќе му биде тренер на Станковски во Раднички