Во Кавадарци изминатите денови беа турбулентни на фудбалски план. Она што му се случи на Тиквеш во домашниот пораз против Арсими доведе до тоа да дојде до смена на досегашниот тренер Ѓорѓи Мојсов и да биде поставен искусниот Борче Христов. Па така, со нов шеф на стручен штаб, Тиквеш денеска е во Битола, каде што со почеток од 17:00 часот на „Петар Милошевски“ во ноќен термин го игра дуелот против Пелистер.
„И ние но ете и колку што гледаме и Пелистер очекува подобри денови на резултатски и играчки план. Секој, па и ние си имаме свои математики. Во Кавадарци има нов тренер. Мора да се фокусираме на она што следува, минатото и оној шок од Арсими да го заборавиме“ – вели искусниот Александар Вареловски, па додава: „Ова е според мене одлична можност за наша играчка и резултатска рехабилитација. Ноќен термин, добар терен во Битола. Мора да одиме по бодовите, мора да одиграме како што треба, немаме друга опција“ – додава популарниот „Брзи“ па поентира.
„Доколку победиме денеска тоа ќе биде одлично. И на новиот тренер Борче Христов му е потребно тоа. Тоа ќе ни ја крене самодовербата на високо ниво“ – вели Вареловски















