Мојсов го презема Башкими

411

Ѓорѓи Мојсов ќе биде нов тренер на тимот на Башкими. По заминувањето од неговиот матичен Тиквеш, со кого имаше голем успех во освојувањето на Купот на Македонија, Мојсов по само неколку дена од оставкава во Кавадарци, има нов ангажман.

Во Куманово пак неочекувано се разделија со Муарем Муарем, кој што последно го водеше клубот против Македонија ЃП вчера, во ремито 1:1 на гостински терен, а по завршувањето на мечот, пристигна и информацијата за неговото заминување.

Според нашите информации, Мојсов ќе ја преземе екипата од понеделник, поточно по завршувањето на актуелното коло, во кое Башкими ќе се сретне со Арсими на гостински терен во Гостивар.

 

ПретходноЈован Манев заработи сериозна повреда, се чекаат прегледите
СледноЈаневиќ: Испишавме историја, сега не чека француска бајка со Волеро