Васоски: Ако имаме добар ден – можеме да го изненадиме Вардар!

114

Екипата на Силекс со двете победи по ред над Тиквеш и над Пелистер, полека излезе од кризата која претходно го зафати тимот, и која траеше три меча. Кратовскиот тим сега оди на мегдан со Вардар, во битка за врвот на табелата.

Силекс посакува продолжување на позитивната серија и против Вардар, а тренерот на тимот Александар Васоски вели дека за такво нешто ќе мора сите да се надминат себе си на ова гостување.

„Ние на овој натпревар влегуваме во позитивна серија, исто и Вардар, и очекувам да биде интересен и квалитетен натпревар. Се враќа старото дерби, двата тима сега се во борба за врвот. Добро се познаваме меѓусебно. И Силекс и Вардар имаат квалитет, и заслужено се во горниот дел на табелата. Очекуваме тежок натпревар, во кој мораме да се надминеме себе си за позитивен резултат. Психолошки и физички сме подготвени за овој предизвик, и сметам дека ако бидеме на нивото и ако имаме добар ден, можеме да го изненадиме Вардар“, рече тренерот Васоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Силекс се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 17 часот.

ПретходноБолеста на Топиќ сè повеќе ги мачи спортистите, но многумина ја надминуваат!
СледноЈамал има проблем, но засега нема да се оперира