Македонската ракометна кадетска репрезентација со убедлива победа против Македонската ракометна кадетска репрезентација со убедлива победа против Финска од 36-29 го отвори квалификацискиот турнир во Луксембург за пласман на ЕП 2026.
Јован Петрески имаше дест погодоци, Бобан Поповски запиша девет, додека Трајче Костов постигна шест гола.
Финците по првото полувреме имаа предност од 15-13. Во последните петнаесетина минути се влезе со егал, 22-22, но нашите надежи одиграа одлично во последните 15 минути и на крајот стигнаа до сигурен триумф.
Следен противник на Македонија ќе биде Грција, мечот се игра утре од 14:30 часот, додека в недела е пресметката со домаќинот Луксембург.










