ВМФЛ: Шкендија (А) како лидер го пречекува Кожуф, Скопје посакува бодови против Преспа

103

Денеска од 13:30 часот се играат сите шест средби од 11.коло во ВМФЛ. Се очекува најинтересно да биде на дуелот меѓу лидерот Шкендија (А) и Кожуф. Тимот од Гевгелија ќе се обиде да ја сопре серијата на добри резултати на Шкендија (А), сепак домашниот состав е фаворит на хартија.

Пиратите“ играат против Преспа и секако дека посакуваат нова победа и нови бодови со кои уште повеќе ќе се приближат до врвот на табелата. Брегалница гостува кај Слога (В) и секако дека се освен победа на штипските “сини“ ќе биде лошо за нив.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од денешното коло:

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13:30 Ч)

Охрид – Тетекс

Скопје – Преспа

Г. Коњари – Саса

Детонит – Новаци

Слога (В) – Брегалница

Беласица – Вардар (Н)

Шкендија (А) – Кожуф

Осогово – Победа

ТАБЕЛА

Шкендија (А) 26, Брегалница 24, Охрид 21, Скопје 20, Беласица 19, Детонит 18, Кожуф 16, Новаци 16, Осогово 13, Саса 10, Тетекс 10, Вардар (Н) 10, Победа 10, Преспа 6, Слога (В) 4, Г. Коњари 3.

ПретходноСлот за враќањето на Трент на „Енфилд“: За него имам само убави зборови, добредојден е!
СледноМРК Куманово се засили со десен бек од Бразил