Имери: Работнички сака да сврти нов лист, победа е императив против Тиквеш

35

Работнички сака да го остави зад себе првиот круг од шампионатот кој го одигра многу лошо и да сврти нов лист почнувајќи од денешниот дуел против Тиквеш, што ќе се одигра на комплексот на ФФМ, со почеток од 13:30 часот. Романтичарите освоија само седум бода по првите 11 кола и се наоѓаат на претпоследната позиција, а досега остварија само една победа.

„Свесни сме за позицијата на која се наоѓаме и мораме веднаш да почнеме да бараме излез. Сакаме да свртиме нов лист и веруваме дека денешниот меч против Тиквеш ќе биде почеток на една позитивна серија. Не е тајна дека ги посакуваме трите бода, затоа што досега освоивме премалку во првиот круг од првенството. Тиквеш е можеби во слична ситуација, но ние веруваме во нашите квалитети и треба конечно да прикажеме и многу повеќе на теренот“, вели Демир Имери, кој постигна прекрасен гол за претходниот меч против Арсими.

„Не е важно кој ќе постигне погодок, најважно е да ги освоиме бодовите и да тргнеме напред“, порача играчот за врска на Работнички.

ПретходноЈанта Волеј вечерва против Волеро пред нов предизвик во Лигата на шампионите
СледноАртета: Ѓокереш е повреден, нема да игра против Славија