Унгарци ќе и судат на Шкендија против Јагиелонија!

62

Во четврток вечер од 21часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 3.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции, се игра мечот меѓу Шкендија и Јагиелонија.

За оваа средба одредени се судии од Унгарија да ја делат правдата. Главен судија е Михаљ Карпаљи, додека негови помошници се Иштван Алберт и Герго Вигх – Тарсонил, додека четврти е Марсел Дердак.

И во ВАР собата се судии од Унгарија. Тоа се Тамаш Богнар и Ференц Карако.

Да потсетиме дека по првите две кола Шкендија има три бода. Пораз од Рајо Ваљекано и победа дома со Шелбурн. Во случај на нов победа, овојпат против силниот тим од Полска, нашиот тим и тоа како ќе си ги зголеми шанси за пласман во плеј – офот односно елиминациската фаза во ова натпреварување.

ПретходноРома останува без Дибала до репрезентативната пауза
СледноОфицијално: Пиоли не е веќе тренер на Фиорентина!