Партизан остана без тренер откако раководството му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ. Како негов наследник во јавноста се споменуваат неколку имиња, а едно од нив и нашиот Виктор Треневски. Ова го пренесува CGFudbal, кој од свои извори дознава де
Доколку во наредните денови стигнеше покана, дали би ја прифатиле, го прашаа од „Спортски Журнал“.
„Тоа би ми било голема чест. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би тргнал пешки до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Би сакал да работам со овие бебиња, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека ќе пораснат со мене“, рече Виктор Треневски кој моментно работи во црногорскиот третолигаш Голден иглс.










