Се одиграа сите осум средби од 11. коло во ВМФЛ. Искрено имаше и тоа колку голови.
Шкендија Арачиново пред своите фанови го победи Кожуф со 2:0, па така со оваа победа и натаму е лидер на табелата во ВМФЛ. Очекувано Брегалница славеше во Виница кај Саса со 2:4, па така “сините“ држат чекор со тимот од Арачиново во битката за првата позиција.
Беласица со 8:1 го “торпедираше“ тимот на Вардар (Н). Осогово пак со 6:0, исто како домаќин ја декласираше прилепска Победа.
Скопје според очекувањата успеа да ја победи Преспа за продолжување на добрата серија оваа есен за „Пиратите“. Детонит дома одигра само 1:1 против жилавиот состав на Новаци.
Саса како гостин со триумф од 1:3 кај Г. Коњари, а Охрид и Тетекс во еден супер ефикасен меч одиграа 4:3 за домашниот состав.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 11.КОЛО
Беласица – Вардар (Н) 8:1
Детонит – Новаци 1:1
Скопје – Преспа 2:0
Г. Коњари – Саса 1:3
Охрид – Тетекс 4:3
Осогово – Победа 6:0
Шкендија (А) – Кожуф 2:0
Слога (В) – Брегалница 2:4










