Работнички „умира“ со најлошиот тренер кој некогаш бил и работел во Мекедонија

1214
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Можеби е млад, има 36 години и во минатото бил само еден голем фудбалски талент но Алпарслан Ердем е најлошиот тренер кој седел на клупата на Работнички а можеби и најлошиот стратег кој дошол да ја работи оваа професија во нашата Македонија. Една апсолутна „нула“ од стратег под чие што водство „Херојот од Дебар Маало“‚ од ден на ден се повеќе тоне, „умира“ и оди кон бездната и Втората лига. Практиката на Ердем е тотално фиаско и „самоубиство“ на фудбалот затоа што познавачите на овој спорт во земјава се чудат и се прашуваат зар е можно клубот со голема иосторија и традиција да го води тренер кој прво залута во земјава како шеф на струката во Шкупи а еве сега и во Работничики.

До кога!? Па и да е ова „плеј-стејшн“ лига Работнички со овој стратег не да нема иднина туку веќе на зима же биде со двете нозе во понизок ранг. Најавите за авиони, милиони и голем клуб се сведоа на просечни играчи а еве сега и мизерен тренер кој во земјава начека полигон за учење и си прави што сака а притоа резултатите се кататсрофа. Црвен аларм свети веќе подолго време во Работнички.

Во минатото сите ги оспоруваа менаџерските способности на искусниот лисец Драган Поповски но тој „адвокатски“ и прецизно го водеше клубот кој никогаш не падна на ова ниско ниво.

Ете сега се враќа во клубот да ја спасува младинската академија на „романтичарите“ но нема да биде трагедија ако им подели некој фудбалски совет а овие новите кои дојдоа како големи фудбалски познавачи а се покажуваат како едно големо промашување акко едно од десетиците во земјава кои дојдоа и создадоа хаос наместо фудбал!

Доста е….

ПретходноПрајс: Дисциплина во нападот и цврста одбрана – тоа рецептот за победа
СледноМарко Митев се врати на терените