Елмас: Го чекам својот момент, се обидувам да го дадам најдоброто од себе!

97
Фото: Наполи

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас после мечот со Ајнтрахт Франкфурт во рамките на Лигата на шампиони, на кој беше најдобар фудбалер во редовите на Наполи за „Скај Спорт“ даде кратка анализа на случувањата на теренот.

„Денес ни требаше гол, но игравме добро и создадовме многу шанси, но ни треба повеќе решителност. На вистинскиот пат сме и треба да продолжиме вака, бидејќи головите ќе дојдат. Ни треба нешто повеќе, треба да постигнуваме голови и да бидеме повеќе решителни, ни треба прецизност и треба да шутираме повеќе, но ни недостасуваше вистинската решителност. Сè уште има натпревари до крајот, а следните се клучни. Се надевам дека ќе ги добиеме.

Се обидувам да дадам се од себе, се чувствувам добро и сум подготвен. Чекам свој момент и се надевам дека ќе добијам повеќе минутажа. На располагање сум на тренерот. Достапен сум за сите позиции, се обидувам да го дадам најдоброто од себе. Денес не успеав да постигнам гол, но одиме напред. Сега останува да продолжиме напред и да се надеваме дека головите ќе дојдат“, рече Елмас. 

Претходно„Мастерпис“ во креација на Војдан Стојановски (ВИДЕО)
СледноБитола е на нозе: Дербито секогаш мотивира!