Зејнулаи: Шкендија може до нова победа во ЛК!

49
ФОТО: Kf Shkendija/FB

Секако дека по победата над Шелбурн фудбалерите на Шкендија во пресрет на утрешниот меч со Јагиелонија, во рамките на 3.коло во Лигарта на Конференции, едноставно “пукаат“ од самодоверба. И на нив им е јасно дела послскиот тим и тоа како треба да се респектира и почитува, сепак тие имаат верба во себе и во своите квалитети.

Денеска на пресот свој коментар, во пресрет на утрешниот меч со Јагиелонија, даде играчот за врска, Арбин Зејнулаи:
“Мислам дека сме добро подготвени за тоа што не чека утре на Арената во Скопје. Играме против Јагиелонија, тоа е силен тим од Полска. Добро го анализиравме нашиот утрешен противник, знаеме што треба да сториме. Ние ќе сториме се што треба да дојдеме до нова еверопска победа. Нема да ни биде лесно, напротив, затоа ги повикувам нашите фанови да дојдат во што поголем број и да ни ја дадат поддршката, затоа што таа поддршка на нас играчите многу ни значи“ потенцираше Зејнулаи.

ПретходноЛШ: Халанд против “своите“ од Дортмунд, Барса на гости во Белгија!
СледноДали Милојевиќ најави заминување: Риера кога ќе дојде ќе има „скоцкан“ тим, да не се грижите!