Вчера Вардар среде Битола успеа да слави со 1:2 против вечниот ривал Пелистер во “Дербито на Македонија“. Вчера со победа стратегот на Вардар прослави една година како стратег на нашиот најтрофеен клуб и 31 натпревар во низа без пораз на домашна сцена. Последен пат Вардар со Седлоски на клупата доживеа пораз од Шкендија на 16 февруари и тоа на свој терен.
Интересно вчерашните година дена на Седло во Вардар, за вториот мандат и неговото доаѓање лани, е поврзано со Пелистер. Имено на 3 ноември 2024 година, Вардар беше поразен од Пелистер со 1:0 во Битола со голот на Мирко Ивановски во последните секунди од мечот. По тој пораз раководството на Вардар се раздели со Срѓан Захариевски и го промовираше Седлоски на 5 ноември. Седло своето деби го имаше на 9 ноември дома со Шкупи и победа од 3:2.
Познато е како Вардар минатата сезона се стабилизираше прво како клуб. Потоа со ангажманот на Седлоски дојдоа и резултатите. Прво Вардар почна да игра фудбал како што треба и дојде до пехарот во Купот на Македонија, а со тоа и се здоби со право на настап во фудбалска Европа каде мина едно европско коло во квалификациите во Лигата на Конференции.
Во оваа сезона Вардар почна како аспирант за титулата, а тоа со Седло на клупата и го докажува. По 12. коло Вардар сега е лидер на табелата пред Струга ТЛ, Шкендија, Силекс.
Ете тоа е резимето за Гоце Седлоски – една година во Вардар.
Успешно во секој случај.















