Младиот состав на Е. Пелистер славеше против Радовиш

38
фото: RK Eurofarm Pelister (FB)

Ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер вечерва ја остварија и четвртата победа сезонава во домашното првенство. На дуелот со „фенерџијата“ Радовиш, битолчани остварија победа од 31:26.

Е. Пелистер 2 уште во првиот дел од натпреварот ја направи потребната разлика за да смета на нов триумд. На паузата домашните заминаа со предност од 19:14, а во вториот дел умешно ја одржаа.

бен Мафхуд со 10 гола беше најефикасен во составот на домашната екипа, каде со 7 погодоци се издвои и Христијан Митревски. Кај гостите, најефикасен на мечот беше Постолов кој постигна 8 погодоци. Радовиш и по ова коло останува без победа.

ПретходноОд Пелистер до Пелистер: Гоце Седлоски – една година во Вардар!
СледноБелингам се врати во репрезентацијата на Англија