Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски не го заборава својот град. Од таборот на КК Струмица Ролинг открија дека донирал преку 120 дресови.
„Со донација од преку 120 дресови, ја покажа големата посветеност и љубов кон спортот и заедницата. Оваа донација не само што ќе помогне во опремувањето на клубот, туку и ќе инспирира нови генерации кошаркари да го следат неговиот пример“, се вели во известувањето на клубот.










