Струмица и Штип УГД остануваат 100%, прва победа на Весна Пробиштип

25
фото: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип (FB)

Оваа седмица во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција беа комплетирани натпреварите од 3. коло. Фаворитите без поголеми проблеми успеаја да остварат нови победи.

Шампионот Струмица со максимален резултат го победи Работнички, убедлив беше и Штип УГД на домашен терен против Македонија Џио, а очекувани победи прокнижија и ГОК Борец и екипата на Универзитет во Тетово.

Сушево успеа да го добие дуелот со Шкендија, додека Весна Пробиштип ја оствари првата сезонска победа со триумф над Јанта Волеј.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 3 КОЛО:

ГОК Борец –  Скопје           3:0 (25:17, 25:9, 25:11) 

Универзитет во Тетово – Лирија 3:1       (26:24, 25:22, 24:26, 25:20)    

Весна Пробиштип – Јанта волеј 3:0       (25:20, 25:17, 25:17)    

Штип УГД – Македонија Џио        3:0       (25:17, 25:20, 25:18)   

Струмица – Работнички 71&22   3:0       (25:20, 25:21, 25:22)      

Сушево – Шкендија            3:0       (25:22, 25:14, 25:19)

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (9), 2. Струмица (9), 3. Универзитет во Тетово (8), 4. Работнички (6), 5. ГОК Борец (6), 6. Сушево (6), 7. Весна Пробиштип (4), 8. Шкендија (4), 9. Македонија Џио (2), 10. Лирија (0), 11. Јанта Волеј (0), 12. Скопје (0).

ПретходноНа Ѓоковиќ му „прекипа“: Оставете ме на мира!
СледноПуштени се билетите во продажба за мечевите на У-21 Македонија!