Работнички фати залет, преку Чаир до четвртата победа во низа (ФОТО)

30

Екипата на Работнички го запиша четвртиот триумф оваа сезона, откако на домашен терен го победи Чаир со 87-84 во меч од шестото коло во Супер-лигата. За најтрофејниот кошаркарски колектив ова беше четврта победа во низа, на другата страна Чаир го запиша шестиот пораз во серија.

Првото полувреме помина со бројни промени на резултатот и водството, со тоа што домаќинот со серија од 8-0 на одморот се избори за двоцифрени 50-39. Во третата четвртина кошаркарите на Работнички водеа и со 63-50, но гостите најдоа начин како да се вратат во последниот период. Со серија од 9-0 намалија на 72-70, а потоа израмнија на 74-74. Сепак финишот на мечот кој беше неизвесен му припадна на Работнички.

Хатсон со дабл-дабл од 31 поен и 13 скока беше лидер кај победникот и кошаркарот кој беше смирен во финишот, зад него беше со 19 поени, Ефремовски имаше 16. На другата страна Билингсли имапе 25 поени.

ПретходноНема голови во Италија попладнево
СледноБаерн се спаси во последната секунда, Дортмунд испушти победа во последната секунда