Столе Димитриевски: Одбив 20 милиони евра од С. Арабија, со Барса веќе бев договорен!

1929

Столе Димитриевски според сите мерила е нашиот најдобар голман во историјата на нашата репрезентација. Столе ги урна сите рекорди, веќе речиси една деценија е незаменлив на голот на А-репрезентацијата, важи за нашиот клучен играч.

И кога е така, а така е. Тогаш јасно е дека тој секогаш е интересен за медиумите, па така тој беше гостин на поткастот на Стефан Лазаров, во кој кажа нешто што досега не е познато за јавноста.

Пред се за понудата од С. Арабија:

Да. Таа понуда беше тука, сумата беше огромна, од 10 до 20 милиони евра, но јас одбив сметајќи дека сеуште е рано за мене. И затоа останав во Ла Лига. А и поради фактот што речиси имав договор со Барселона. Сепак не ја затворам вратата за С. Арабија во некоја иднина“ посочи Столе.

Инаку познато е каква неправда Македонецот трпи во Валенсија:

Се е различно од она што се договаравме. Јас ги одбив Бетис, Севиља за да дојдам во Валенсија. Засега не сум во преден план, но си ја чекам својата шанса. Не се сложувам со одлуката на тренерот ама ја почитувам“ рече покрај другото Димитриевски.

ПретходноОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА” ВО МАЛА СТАНИЦА
СледноЗидан со порака: Наскоро се враќам…