Нашиот национален тим, денеска одработи уште еден стандарден тренинг во вечерни услови на комплексот Петар Милошевски во пресрет на пријателскиот дуел против Летонија кој што го играме в четврток на 13. ноември на Арената Тодор Проески во Скопје од 18:00 часот.
Во одлични временски услови за тренинг, момците на Благоја Милевски вечерва одработија уште една сесија, а за кој стартни единаесет Сер Боби ќе се одлучи да го стартува овој дуел останува да видиме.

Едно е сигурно дека на овој меч, ќе добијат шанса играчите кои реално и немаа голема минутажа во изминаиот период, и кои истата секако со нетрпение ја чекаат.
Аналогно на тоа, одмор би требало да добијат оние репрезентативци кои што пак на 18 ноември во Кардиф ќе го понесат најголемиот товар во последниот квалификациски дуел за актуелната мундијалска кампања. Во оној исти дуел во кој ќе се обидеме да останеме уше еднаш непоразени, и ќе ја продолжиме серијата без негатива.










