Митрашиновиќ: Многу сме подмладени, но верувам во победа против Данска

29

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ја започнува битката против Данска во првата фаза од квалификациите за Европското првенство 2027 година. Во екипата се приклучија Матеа Николиќ и Тијана Митрева, а добра вест дека е селекторот Ашаданов на расплагање ќе ја има Ивана Кметовска.

Дуелите на кои несомнено, не само стручниот штаб, туку и комплетната македонска кошаркарска јавност ќе очекува(ат) многу од Анџелика Митрашиновиќ.

„Нормално е дека ние одиме со очекувања за победи на секој меч, секогаш оптимизмот ни е на највисоко ниво, така треба и да биде кај секој спортист. Ќе бидам реална за следните мечеви. За Гркинките знам дека се високо рангирани и против нив ќе биде доста тешко, додека со Данска очекуваме еден добар меч во кој ќе напаѓаме триумф“- вели капитенот на нашата женска сениоска репрезентација пред првиот меч во квалификациите.

Додава дека секоја победа носи со себе и многу поголема доза на самодоверба, и тоа како потребна во период, доста кратко, во кој нашиот тим ќе одигра дури три натпревари. Покрај овој во среда попладне, со Данска, не очекуваат и оние со Грција и со Хрватска.

„Ако оствариме една победа, самодовербата ќе ни биде повисока за понатаму и ќе очекуваме повеќе од себе и од целината како тим во иднина. Сметам дека можеме да ја победиме Данска затоа што нивната најдобра кошаркарка во моментов е бремена, и нема да биде дел од тимот од овој “прозорец“. И нас ни фалат искусни играчи. Доста сме подмладени, но ако ги споиме младоста и искуството, ако донесеме една добра енергија, може да профитираме од тоа и да извадиме добар резултат на тој натпревар“– дополнува Митрашиновиќ.

Дуелот со Данска е закажан со почеток во 17 часот, додека против репрезентацијата на Грција пак ќе се игра на 15. ноември (од 18.часот), исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПретходноМинистерот Борко Ристовски ги пречека македонските боксери по успешниот настап на ЕП (У23) во Ереван
СледноМакедонија У19 денеска стартува против Белгија