Ангелов: Да поработиме на дисциплината и концентрацијата во поедини моменти

61

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола, ќе го одигра петтиот квалификациски меч од тековната ЕВРО кампања. Противник е селекцијата на Шведска, која што два дена е во Македонија и се аклиматизира на условите што се вели.

Нашиот тим се подготвува во Охрид, каде што ги има сите оптимални услови. Овие два меча се клучните во оваа кампања за да извлечеме максимум од она што преостанува.

„Два многу важни натпревари за нас. Уште поважно е што ги играме на домашен терен, и ќе сториме се за да од нив извлечеме максимум. Што се однесува до претходниот дуел против Црна Гора на гости, навистина е жално што загубивме на таков начин. Пред се затоа што бевме подобри од противникот во поголемиот дел од мечот. Сепак, клучна беше концентрацијата во поедини ситуации, и дисциплината во истите. Токму овој сегмент мора да го поправиме. Тој детал не чинеше бодови во Црна Гора, особено во второто полувреме. На тоа мора да поработиме. Нема посебна филозофија. Анализа на противникот, максимална посветеност, и 100% влез во мечот. Како што доликува да се игра во националниот дрес. Ништо помалку од тоа“ – вели капитенот на нашата репрезентација Матеј Ангелов.

 

 

 

ПретходноМакедонија У19 денеска стартува против Белгија
СледноОскар моментално завршува со фудбалот поради проблеми со срцето