Според ИФФХС: Шкендија и Вардар се убедливо најдобрите клубови во Македонија!

73

Шкендија и Вардар оваа сезона водат голема битка за титулата, секако дека тука е и Струга ТЛ, но според ИФФХС, само тетовските и скопските “црвено – црни“ се меѓу најдобрите 500 клубови во светот.

Шкендија, која успешно настапува оваа есен и во Лигата на Конференции, на последното рангирање за ноември е на 218. место во светот, а Вардар на 415. место. И двата клуба имаат скок на оваа листа за разлика од минатото рангирање.

Инаку најдобар клуб во светот според последното рангирање е ПСЖ, потоа следуваат Реал Мадрид, Челзи, Интер Милано, Баерн Минхен, Барселона, Дортмунд, Палмеирас, Арсенал, Фламенго.

Интересно меѓу првите десет на листата ги нема Ливерпул и Манчестер Сити.

ПретходноЗа само четири метри „Енфилд“ отпадна од ЕП 2028!
СледноХрватска се “чекираше“ на СП, Холандија и Германија ќе почекаат до последното коло!