Шкендија попаднево во Струга, во заостанат меч од 12.коло во теквната сезона во ПМФЛ, успеа со пресврт да го победи Шкупи со 1:2 како гостин. Секако дека не беше лесно, посебно ако се знае дека тимот од Чаир поведе со 1:0 против големиот фаворит, сепак шампионот успеа да постигне два гола преку Фетаи и Љатифи и да дојде до победата.
По мечот за клупскиот сајт, свој коментар имаше тренерот на тетовци, Јетон Беќири:
“Дефинитивно, ми е мило што планот беше спроведен. Во меѓувреме, и покрај почитта кон навивачите на Шкендија и нашите навивачи, нема да давам никакви технички коментари за фудбалот, бидејќи до моментот кога ќе играме вака на ливади, а не на терени и стадиони, ќе се обидам да ја почитувам професијата и да се повлечам од секој збор. Надлежните органи мора да се справат со овие аномалии што се јавуваат поради терените и сега можеме да зборуваме за сè, но не за фудбал. Задоволен од трите бода, нема да давам никакви други коментари.“















