Македонија полета за Велс на историскиот квалификациски дуел

94

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет се упати за Велс, каде што во Кардиф на 18 ноември го игра последниот квалификациски дуел од актуелната Мундијалска кампања.

Нашите репрезентативци подготвено заминуваат за овој историски меч кој може да ни донесе огромен успех, односно второ место во силната конкуренција.

Велс веќе го „имавме“ што се вели на домашен терен во она несреќно реми од 1:1, а сега што се вели одиме таму да ја довршиме задачата.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски немаат пораз на официјалните мечеви повеќе од две години, а секако ниту во овие квалификации. Посакуваме така и да остане.

ПретходноБезеки најбрз во Валенсија
СледноАдејеми и девојка му казнети со 450.000 евра за нелегално оружје