Македонската репрезентација до 19. години денеска од 18:00 часот го игра последниот квалификациски дуел на турнирот во Португалија, овојпат против соодветната селеција на Естонија.
По стартниот пораз од Белгија од 1:0, не успеавме да освоиме бодови ниту во второто коло против домаќинот Португалија од кого загубивме со 4:1.
Сега, ќе се обидеме да го освоиме тоа трето место во групата и да се надеваме на поволен развој на настаните во останатите групи.
Естонија пак имаше солидни први две кола и одигра на два пати реми. Тоа значи дека во моментов има два бода и со евентуален триумф денеска ќе чека поволен резултат од дуелот Португалија – Белгија.










