На нешто повеќе од околу еден час до стартот на последниот меч од квалификациската група Ј за пласман на СП 2026, меѓу Велс и Македонија, и двајцата селектори ги објавија официјалните стартни состави:
Крег Белами се одлучи за овие единаесетмина:
Дарлоу, Вилијамс, Леивлор, Родон, Да Силва, Шихан, Вилсон, Д. Џејмс, Брукс, Кулен, Џонсон.
Благоја Милевски им даде шанса на следните играчи да бидат стартери:
Димитриевски, Илиевски, Велковски, Зајков, Стојчевски, Ашковски, Костадинов, Барди, Алими, Миовски, Елмас.
Натпреварот почнува од 20:45 часот, нас ни одговара и реми да завршиме како втори, а главен судија е Дани Макели од Холандија.










