Баер (Л) ја елиминираше Борусија (Д) во осминафиналето на Купот

1
фото: Bayer (X)

Со минимална победа од 0:1 на гостински терен, екипата на Баер (Л) обезбеди место во четвртфиналето на германскиот куп. Вечерва на тешкото гостување на „Сигнал Идуна Парк“, „фармацевтите“ успеаја да дојдат до победа над Борусија (Д) благодарение на голот кој го постигна Маза уште во првото полувреме на натпреварот.

Малку полесна задача имаше РБ Лајпциг кој со пресврт на домашен терен со 3:1 беше подобар од Магдебург. Гостите поведоа со гол од пенал, но домашните до паузата веќе направија 2:1, а во вториот дел постигнаа уште еден гол за сигурен триумф.

Во првите два меча кои се одиграа денеска од осминафиналето, Херта го прегази Кајзерслаутерн со 6:1, додека Борусија (М) загуби дома од Ст. Паули со 1:2.

ПретходноЛуд меч со 9 гола во Лондон за победа на Сити, Грилиш за нова радост на Евертон (ВИДЕО)