Декември е месец на правење статистики, посебно кај нас ако се знае дека во ПМФЛ оваа сезона и година, останува да се одигра уште едно коло.
Па така Вардар ако победи во Ѓорче, може и со реми и пораз, но тогаш ќе зависи од исходот на мечот Тиквеш – Струга ТЛ, ќе стане есенски првак и ќе ја продолжи неверојатната серија без пораз на домашна сцена оваа 2025 година која трае од 14 февруари.
Инаку ако се смета само тековната сезона 2025/26, Вардар е втор во Европа. На 15 меча четата на стратегот Гоце Седлоски има 12 победи и три ремија. Само Славија Прага има серија од 17 меча без пораз и затоа е прва во Европа. Зад Вардар се Баерн Минхен, Порто, Бенфика…
Од друга страна кај нас во ПМФЛ игра и најслабиот тим во Европа. Имено Шкупи на таа табела со екипи кои имаат најдолги серии оваа сезона без победа, е убедливо на првото место или е убедливо најслаб клуб на Стариот континент.
На 15 одиграни меча има 14 порази и само едно реми и затоа е пред Арарат, Вулверхемптон, Фиорентина, Верона…клубови кои оваа полусезона немаат победа.















