Седлоски: Ова е успех на сите вардарци, овој клуб го заслужува ова

87

Вардар и официјално е есенски шампион. Лидерот до ова 16. коло денеска оствари триумф на гостувањето кај Македонија ЃП со конечни 1:2, и на тој начин со 42. бода, поен повеќе од второпласираната Струга ТЛ е прв по првата етапа од овогодинешната сезона.

Вардар го заслужи ова. Со се што направи есенва. Серијата на мечеви без пораз. Тринаесет победи и три ремија. Изведба за почит.

„Благодарам на честитките. Мислам дека заслужено дојдовме до овој успех. Со се што покажавме есенва. Играчите се секако најзаслужни. Го понесоа сиот товар на ова првенство кое што не е ни малку лесно да се игра. Сите сакаат да го победат Вардар, но ете никој не успеа сезонава. Ова е успех. Ова е награда за сработеното. Ова е успех на секој кој што Вардар го носи во срцето. Работата не е готова, на полувреме сме што се вели. Одиме сега на заслужен одмор, па потоа во нов атак, на трофеј. Овојпат оној кој што ќе биде награда за целата сезона“ – вели тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

 

ПретходноВардар 1961 во Битола доаѓа перфектен (ФОТО)
СледноАко го минеме баражот: Македонија на СП 2026 во група со Мексико, Ј. Африка и Ј.Кореја!