Пелистер со Струга се загреваше за дербито со Вардар 1961

1

Екипата на Пелистер очекувано го доби дуелот со Струга во рамките на 15-то коло во Супер-лигата. Битолчани кои денеска останаа без главниот тренер Рубен Гарабаја славеа со убедливи 22-42. Оваа победа доаѓа пред дерби дуелот со Вардар 1961, кој се игра во среда во салата „Боро Чурлевски“.

Пелистер мечот го реши во првото полувреме по кое имаше предност од 20-14, а во вториот набрзина дојде до двоцифрено водство за мирен финиш. Очекувано се штедеа сили, па голем дел од ракометарите не се најдоа во составот, а и оние стандарните беа на клупа.

Никола Митревски беше на голот во второто полувреме и запиша 11 одбрани, додека Давид Брестовац бранеше во првиот дел и имаше 8 интервенции. Прв стрелец беше Петар Атанасијевиќ со 12 гола, зад него беше Кузмановски со седум. Кај поразениот тим Стефан Атанасовски имаше осум гола.

ПретходноФОТО НА ГОДИНАТА: Шаби е голем борец и надвор од теренот!