Шкемби: Заслугата е на играчите, им благодарам за тоа

76

Екипата на Струга Трим Лум ја заврши есенската полусезона на втората позиција на ПМФЛ табелата.

И покрај денешниот триумф над Тиквеш во Кавадарци, сепак, стружани се за бод покуси на табелата зад Вардар кој што е есенски шампион.

Во тековниот шампионат, напролет има уште многу да се игра. Допрва доаѓа неизвесноста. Ова е само половина од она што треба сезонава да се доигра.

„И покрај теренот, кој што не беше во добра состојба, мислам дека беше многу добар натпревар, а ова е заслуга и на противникот, кој сакаше да игра добар фудбал. Многу сум задоволен од посветеноста на играчите денес, и покрај теренот, мислам дека момците одиграа многу добар натпревар, иако на крајот победивме со тесен резултат.
Мислам дека сите играчи кои дебитираат заслужуваат да играат, и покрај тоа што имаат помалку минути на располагање.“ – рече Бледи Шкемби, тренерот на Струга ТЛ па продолжи.

„Всушност, на почетокот, нашата замисла и цел како тим, односно заедно со техничкиот персонал и директорот, беше да создадеме тим бидејќи имаше многу промени од минатата година. За среќа, успеавме да создадеме силен тим каде што од ден на ден, од тренинг до тренинг, разбиравме дека станува силна целина. Од натпревар до натпревар, самодовербата доаѓаше и растеше, и не е залудно што сме на второто место. Не, не го гледам како личен успех, пред сè БЛАГОДАРАМ до сите играчи, бидејќи заслугата е нивна, тие беа супер професионалци цело време. Благодарност и до клубот, за фер игра и смиреност што ни ја дадоа. Заедно ми го олеснија дебито во Првата лига на Северна Македонија.“ – продолжи Шкемби, кој вели дека тимот дал се од себе кога станува збор за бодови и дека не потфрлил во ниту еден момент.

„Многу сум задоволен од бодовите, мислам дека дадовме се од себе.“
„Тимот не потфрлил во ниту еден момент од сезоната. Тоа е она што го мислам.“ – продолжи Шкемби, кој зборуваше и за трката за шампионската титула: „Мислам дека првите 4 екипи ќе бидат во трка за шампионската титула, бидејќи има уште многу натпревари до крајот.“ – рече стратегот.

 

ПретходноСП 2026: Мбапе против Халанд, САД сами да бираа немаше да одберат полесна група, супер – дерби во 1.коло!
СледноУнгарките минаа во четвртфинале иако не ја победија Јапонија