Во последниот натпревар од 16 коло, Струга како гостин славеше против Радовиш со 24-26 (11-10). За стружани ова беше трета победа, имаат уште 13 порази, додека пак домашниот тим продолжува со негативниот тренд, се уште нема бод.
Радовиш не ја искористи предноста. А домашен терен и позитивата од два гола (24-22). Застана кога беше најпотребно, гостите со серија од 4-0 дојдоа до целиот плен.
Кај домашните Здравко Постолов имаше 8 гола,а кај гостите седум даде Наум Костов.










