Марко Симоновски и Огузјан Ајдоган не се веќе дел од Башкими. По завршувањето на есенскиот дел во тековната сезона, тие си заминале од Куманово. Инаку Симоновски и Ајдоган, турскиот интернационалец кој блескаше и како фудбалер на Гостивар минатата сезона, важеа за клучни играчи на Башкими.
Да потсетиме дека кумановци, кои оваа сезона се вратија во ПМФЛ по долга пауза, по есенската полусезона завршија како шести на табелата. Допрва треба да се види какви им се амбициите за пролетниот дел од сезоната.










