Македонскиот шампион, тимот на Шкендија, синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје ја остварија втората победа во овогодинешната групна фаза од Лигата на Конференции.
По Шелбурн во Скопје падна и тимот на Слован Братислава исклучително сериозен состав кој што лани беше дел од Лигата на Шампионите.
Убаво кажа тренерот на Слован по мечот синоќа кои неговите момци го загубија со 2:0.
„Во тимот на Шкендија има мажи, а во мојот очигледно не… некои треба да се замисли“….
Браќата Решат и Флорент Рамадани се движечката сила на тимот на Шкендија. Деца на клубот, и тоа како знаат колку тежи дресот на овој клуб. Затоа и се среќни што испишуваат златни страници од неговата историја.










