Шкендија со негативни рекорди….официјално само 1497 навивачи го следеле мечот против Слован

882

Во екот на најголемите успеси на меѓународна сцена, тимот на Шкендија, инаку актуелен бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, се соочува со ситуација за која што веруваме ама апсолутно на никого не му е јасна.

Синоќешниот втор тримумф во актуелната европка кампања, и групна фаза во Лигата на Конференции, против тимот на Слован Братислава од 2:0, на Арената во Скопје го гледале, вкупно 1497 гледачи. За неверување… особено ако се знае дека Шкендија има сериозна база на навивачи, кои го полнеле нашиот најголем стадион во минатото без проблем.
Е сега, каде е проблемот, и зошто навивачите од Тетово не доаѓаат на овие мечеви од групната фаза од КЛ ќе мора да одгатне самата управа на Шкендија.

Синоќа само два меча во Европа биле помалку посетени. Тоа е мечот на Исланд помеѓу екипите на Бреидаблик и Сеинт Роверс од Ирска, и дуелот во Линколн од Гибралтар против тимот на Сигма каде што присуствувале за тамошмни услови сосема солидни 686 гледачи.

ПретходноРеал ќе мора без Мбапе и против Алавез?!
СледноСе “тресе“ Буенос Аирес: Дибала се враќа во Аргентина?!