Екипата на Пелистер после поразот во Охрид им се врати на победите. Во последниот меч од оваа година го совлада ГРК Тиквеш на домашен терен со 29-21 во рамките на 18-то коло во Супер-лигата. Актуелниот првак ја запиша 14-тата победа, има две ремија и два порази и ќе презими на второто место. Кавадарчани пак ќе останат петти со скор од девет победи и исто толку порази.
Хекберт со седум гола беше прв стрелец, зд него беше Кузмановски со четири погодоци, исто толку и Петар Атанасијевиќ. На другата страна Тајник имаше четири гола.
Кавадарчани беа рамноправен противник до 26-та минута пред која имаа и водство од три гола. Но, битолчани го свртеа мечот во своја корист, на одморот заминаа со 12-10, а во продолжение не му дозволија на противникот да приреди нов пресврт. На стартот на 40-та минута поведоа со 18-11 и до крај рутински го приведоа овој натпревар.










