26-годишната Марија Сакари е највозрасната тенисерка меѓу четирите полуфиналистки на последниот Грен Слем за оваа сезона, УС Опен. Таа иако е во најубавите тениски години, е постара од сите останати тенисерки кои влегоа во битка за финалето.
Арина Сабаленка има 23 години, Лејла Фернандез 19, а Ема Радучану само 18.
„Дефинитивно не се чувствувам старо. Јас сум во најдобрите години во кариерата и позрела од порано. Како што реков многу пати, секој играч има пробив во своето време. Веројатно, моето време дојде на 26. Не бев супер јуниорка. Морав да работам и да жртвувам многу во мојот живот. Но, сега има резултат и многу ми е драго што на 26-годишна возраст постигнувам такви резултати“, вели грчката тенисерка.










