Денеска на 74-година од животот почина екс југословенскиот легендарен фудбалер Данило Попивода.
Попивода починал крај Херцег Нови. Тој речиси целата кариера ја минал во Олимпија Љубљана, а потоа заминува во Германија, и повторно се враќа во Олимпија.
Одиграл 20 меча за најдобрата селекција на Југославија и постигнал пет голови. Тој бил кратко и селектор на репрезентацијата на Словенија.










