Тимот на Работнички има нов тренер. По заминувањето на Ален Тупаиќ зимава, тренерското столче во Дебар Маало е исптазнето, а ќе се пополни со младиот и перспективен стратег Муарем Муарем.
Некогашниот играч на Работнички, а сега тренер, своето искуство го собираше досега во Гостивар, односно Башкими, а ете сега дојде време да се испроба и на кормилото на „Романтичарите“.
Работнички е во исклучително лоша ситуација, затоа што есенскиот дел од шампионатот го заврши на претпоследната позиција со само седум бода.
Напролет овој тим го очекува жестока битка за опстанок, а во моментов секако добар план за подготовки и засилувања со оглед на фактот што тимот веќе го напуштија неколку стандардни првотимци.















