Сериозни пари влегуваат во Пелистер, „спонзорот“ е со македонско потекло

614

Адам Гарипоглу е ралативно млад бизнисмен кој со своите неполни 40 години има сериозен проект и бренд како „World17“ кој е застапен ширум светот, но и со канцеларии во Турција, Канада и Синагапур. Во сверата на фудбалот го имаат брендот „Наноок“, со оглед на тоа што Гарипоглу долго време живее во Канада и таму е „заразен“ со старите индијански племиња кои живеат во резервати во Канада. Токму „Наноок“, е име од јазикот на Индијанците и додавка која треба да стои покрај името на ФК Пелистер Битола.

Оваа групација веќе е во сериозни преговори со општината Битола за превземање на клубот. Станува збор за компанија која веќе инвестира во земјава преку изградба на хотел и луѓе кои посакуваат да направат и сериозни инвестиции во спортот. Нивната понуда е да инвестираат минимални 1,5 милиони евра на годишно ниво во ФК Пелистер.

Групацијата „World 17“, е во партнество со екипата на Гестепе од Измир, а деновиве советот на град Битола треба да одлучува за понудата која е веќе официјална.

ПретходноДувњак го продолжи договорот со Кил: Останувам, па макар доаѓал и на патерици
СледноСредба на најдобриот тенисер и најдобриот македонски кошаркар (ФОТО)