Македонската машка ракометна репрезентација во моментов се подготвува за настап на претстојното европско првенство кое што ќе се одржи во Данска. Подготовките се во полн ек, наскоро нашиот национален тим ќе се упати кон Скандинација, а во меѓувреме секако се „билда“ и позитивната, победничка атмосфера.
Националниот тим не е исклучен од новогодишната и божиќната еуфорија, така треба и да биде, а ракометарите во посебен видео запис ги пренесоа своите честики до јавноста за среќни празници.










