Јануари е резервиран за ракомет: Македонската репрезентација прва на терен!

447

После два дена одмор, македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство кое од 15 јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници во Скопје, поточно во салата Автокоманда ќе тренираат до седми јануари, по што ќе заминат за Швајцарија каде ќе бидат дел од „Yellow Cup“ на кој учество покрај домаќинот ќе земат репрезентациите на Бахреин и Украина.

По завршување на овој меѓународен турнир, македонскат експедиција ќе замине за Хернинг, градот домаќин на нашата група, во која е Данска, мечот ќе се игра на 16. јануари, два дена подоцна следнува дуелот со Португалија, додека на 20. јануари, Македонија ќе се сретне со Романија.

ПретходноГолема победа на Мајами против лидерот на Истокот, Кавај Ленард без милост (ВИДЕО)
СледноМурињо е подготвен да се врати во Челзи