Се чини и повеќе од катастрофални вести за селекцијата на Хрватска и секако селекторот Дагур Сигурдсон. Имено ЕП 2025 почнува за две недели а денеска е официјализирано дека оваа селекција не ќе може да смета на Марин Шипиќ, на еден од најдобрите хрватски ракометари, кој игра пикер.
Тој е повреден и Сигурдсон посочи денеска не смета на него, освен ако не се случи некое чудо па за овие две недели Шипиќ магично не заздрави. Сепак пикерот не е на списокот на Сигурдсон кој беше објавен денеска.
Да потсетиме дека токму Марин Шипиќ беше еден од клучните ракометари на Хрватска на минатиот Мундијал.










