Официјално: Радосављевиќ е нов тренер на МРК Куманово! (ФОТО)

130
ФОТО: МРК Куманово/FB

Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот суперлигаш МРК Куманово.

Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство и последниот негов ангажман е како тренер на РК Леотар.

Во неговата кариера ги има водено и клубовите на МРК Горажџе, МРК Врање, МРК Металац Краљево, МРК Зајечар, МРК Железничар од Сараево како и женските српски тимови на ЖРК Напредак, ЖРК Бамби Пожаревац, ЖРК Металац и грчкиот Орми Патрас.

Овој искусен ракометен стратег во своето богато портфолио ја има водено женската јуниорска репрезентација на тогашната Србија и Црна Гора,машката кадетска репрезентација на Србија како и машкиот сениорски тим на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

ПретходноБарса посилна со Јамал и Олмо за локалното дерби против Еспањол
СледноЛазаров: Мора да бидеме храбри! Да не очекуваме дека противниците ќе бидат послаби – ако не го сфатиме тоа, и Анчелоти нема да помогне!